Синоќа околу 22:00 часот С.Ѓ.(33) од Струмица во СВР Скопје пријавила дека пред Наплатна станица Миладиновци, на автопатот Скопје – Куманово, била физички нападната од едно лице кое било со патничко моторно возило, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.