Со доминација на терен и квалитетна игра девојките на „Наковски Волеј“ го добија второто градско дерби против „Струмица жени“ со резултат од 3:1 во сетови.
Девојките предводени од Хари Наковски блеснаа пред струмичката публика особено во последните два сета и приредија одлична женска одбојка пред бројните навивачи во Спортската сала „Парк“ во Струмица. Ова е седма победа на „Наковски Волеј“ во ова сезона.
Прва лига (жени) – Табела:
Работнички Скопје 9-1,
Јанта волеј КВ 9-1,
Наковски волеј 7-3,
Фит фанволеј 6-4,
Струмица жени 3-7,
Вардар ЕМ 4-6,
Вардар 2019 2-8,
Македонија Макс 0-10.