СВР Струмица информира дека вчера околу 13:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко во семејниот дом бил пронајден починат М.С.(27). Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Од струмичката полиција додаваат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, но нема информација за причината за смртта.