Во организација на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица на 9 април (недела), на планината Беласица по 24-ти пат ќе се реализира Меморијалниот планинарски марш „Ванчо Атанасов 2023“.
Тргнувањето ќе биде во 07:00 часот, од Стара автобуска, Телеком – Поштата, со организиран превоз до село Костурино.
Маршута:
08:00 часот тргнување од Костурино – Орманли – Белашки ливади – Ќучук Чешма споменик на петте струмички студенти – Џами кран – планинарска куќа Дедо Кољо Муртински 1160 м.н.в.
Ручек во 14:00 часот, обезбеден од организаторот. (Секој да си понесе прибор за јадење).
Тргнување кон село Свидовица во 15:00 часот.
Тргнување од Свидовица за Струмица 18:00 часот со организиран превоз.
Должината на патеката е 22 километри или шест часа одење (три часа и триесет минути искачување и два часа и триесет минути симнување).
Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психо-физичка кондиција.
Лица за контакт:
Филип 071 205 272
Ристо 078 320 454
Коле 070 200 848