Синоќа во 21:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Х.(23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:30 часот во Струмица со остар предмет нападнал негов брат и негов чичко, а физички нападнал друг негов брат, при што им нанел повреди. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.