Синоќа во 23:15 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 22-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека во домот ја нападнал неговата мајка и оштетил предмети од покуќнината. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




























