четврток, 13 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

21 година од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

среда, 26 февруари, 2025 | 06:25
in Вести, Струмица
21 година од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

На денешен ден, 26 февруари 2004 година, претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, шестчлена делегација и двајца пилоти загинаа при урнувањето на авионот од типот „Кингер“ на 15 километри јужно од Мостар, во Босна и Херцеговина.

По тој повод, денеска во 10:00 часот пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк во Струмица ќе се одбележи 21 година од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.

Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.

Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

ShareTweetShare
Previous Post

СООПШТЕНИЕ: Во сабота 1 март, до 14:00 часот да се отстранат возилата од центарот на градот поради подготовки за карневалското дефиле

Next Post

Струмица ја одбележа 21-та година од смртта на својот сограѓанин – претседателот на Македонија, Борис Трајковски

Related Posts

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47
„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица

вторник, 11 ноември, 2025 | 14:11
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност
Вести

ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност

понеделник, 10 ноември, 2025 | 13:42

ТОП ВЕСТИ

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist