Вчера околу 12:30 часот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај селото Калуѓерица, патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од село Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот, информираат од СВР Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.