СВР Струмица информира дека во текот на вчерашниот ден во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица со повреди било донесено 20-годишно момче М.Џ. од Струмица. Според пријавеното, тој се повредил при извршување работни задачи во хотел во Струмица.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршиле инспектор за труд и екипа на СВР Струмица.