Доцна синоќа во 01:00 часот по полноќ во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ц.(19) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека на 02.08.2023 година околу 21:30 часот во Струмица со закани кон лицето А.А.(54) му одзел пари. К.Ц. бил задржан во полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.