Од СВР Струмица инфомираат дека вчера во 12:05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.