Доцна синоќа околу 1 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „Нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишна девојка удрило во 43-годишна жена од Струмица, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.