Денеска околу 09:45 часот на регионален пат Струмица – Баница – Вељуса поточно во село Баница, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(72) од село Вељуса, струмичко и трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управувано од Д.С.(43) од село Баница, струмичко.
Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во ЈЗУ Општа Болница Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.