Синоќа во сообраќајка во близина на струмичката болница 17-годишно момче управувајќи мопед се судрило со автомобил, при што се здобил со тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите момчето е префрлено на клиниката во Скопје.
Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова информираше дека синоќа во 22:15 часот во Струмица, на крстосница од улиците „Братство Единство“ и „24 Октомври“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Лонгија“, управуван од 17-годишник од село Доброшинци, струмичко, и патничко возило „Фолксваген пасат“, управувано од В.Т.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мопедот, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.