сабота, 16 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21
in Босилово, Вести, Струмица
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

Пролетта 1860 година, во времето на преродбата во османлиска Македонија, во селото Робово започнало да работи едно од првите училишта во струмичкиот крај и во поширокиот регион во кои наставата се одвивала на народниот македонски јазик, спротивно на агендата на Вселенската патријаршија за установување на грчкиот како единствен јазик на кој треба да се предава во училиштата и да се служи во црквите. Темелите на училиштето во ова струмичко село ги поставиле селскиот првенец Мицо Караџата и учителот Арсени Костенцев, родум од штипско Ново Село.

165-годишната историја на училиштето во Робово е овековечена од македонскиот фолклорист и просветен деец Иван Котев, родум од ова село, во неговата најнова книга. Монографијата ќе биде промовирана во сабота, 28 јуни, со почеток од 20 часот во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Котев ги повикува заинтересираните да присуствуваат на настанот затоа што ова нема да биде просто промоција на книга, туку час по историја.

Монографијата насловена „Претходници и следбеници: Училиштето во село Робово, струмичко од преродбата до денес (1860–2025)“ е 17-та книга на авторот. Рецензент на ова дело е професорот и лингвист Владе Ефтимов, а уредник е поетесата и новинар Сузана Мицева. Промотори на книгата се м-р Владе Ефтимов, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева. Издавач е Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица, а издавањето е финансиски овозможено од Општина Струмица, за што авторот се заблагодарува на градоначалникот Костадин Костадинов и Советот на Општина Струмица.

„Треба да се почитува историското значење — улогата и придонесот на просветителите од македонскиот деветнаесетти век. И на оние чии имиња се испишани со златни букви во книжевната историја, но и на оние помалку познати, за кои дознаваме и учиме од вакви студиозни дела, како книгата на Иван Котев. Треба да се биде благодарен за нивната посветеност и саможртва во процесот на просветлување на народот ни неписмен, со што се поставувале темелите за современиот македонски самобит, а со тоа и на посебноста на македонската литература, народ, јазик и култура“, пишува рецензентот на книгата, лингвистот Владо Ефтимов.

Котев првата книга за училиштето во Робово ја издава во 1995 година. Како што вели, во изминатите 30 години се стекнал со многу нови сознанија и успеал да запише биографии за оние кои учителствувале во училиштето од неговото основање во 1860 година до денес, но и за просветните работници кои потекнуваат од ова село, а работеле во други училишта. Во монографијата се поместени и фактографски податоци, илустрирани во табели за бројот на учениците и учителите во училиштето низ годините, и друга педагошка евиденција и документација.

„Тоа е период од 80 години кој е претставен графички и дава една слика за подемот на училиштето, но и за катастрофалниот пад кој сега, за жал, го имаме во Робово. Од 85 ученици, колку што имало во 1968–1969 година, спаднавме на 8 ученици од I до V одделение, што навистина е жално. Еве и еден апел, и да остане еден ученик, училиштето во Робово треба да работи бидејќи тој е симбол на просветата во Струмица и струмичко и не само во овој регион. Многу биле ретки училиштата кои имале настава на народен македонски јазик во преродбенскиот период“, вели Котев за работата на училиштето во периодот од создавањето на на македонската држава во 1944 година до денес.

К.Ѓ.

ShareTweetShare
Previous Post

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

Next Post

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

Related Posts

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прво решете си го статусот на кандидат за градоначалник, па после тоа ќе се соочиме кој и колку има дадено и направено за општина Струмица

петок, 15 август, 2025 | 14:27
ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања
Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања

петок, 15 август, 2025 | 12:16
Вести

Полицијата го најде исчезнатиот струмичанец, кого го немаше речиси два дена

петок, 15 август, 2025 | 11:56
Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов
Вести

Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов

четврток, 14 август, 2025 | 14:39
Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество
Вести

Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество

среда, 13 август, 2025 | 19:33
Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов
Вести

Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

среда, 13 август, 2025 | 15:10

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена
Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist