Вечерва околу 20:30 часот 16-годишна девојка паднала во удолница движејќи се по трим патеката кон манастирот „Свети Илија“ над Струмица. Мајката на девојката веднаш се јавила на 112 и побарала помош.
Операторите од 112 преку системот ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите екипи веднаш излегле на терен и ја нашле девојката. Информацијата ни ја потврди командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, кој ни кажа дека повредената девојка е предадена на екипата на Итната медицинска помош.