СВР Струмица информира дека вчера во 01:30 часот по полноќ на улица во селото Штука, струмичко, 14-годишник од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „Џилера 125“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.