недела, 2 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Струмица е здрава крепост на македонската фолклористика — промовиран обемен труд на Ана Витанова-Рингачева посветен на дејноста и животот на Иван Котев

сабота, 30 март, 2024 | 14:03
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмица е здрава крепост на македонската фолклористика — промовиран обемен труд на Ана Витанова-Рингачева посветен на дејноста и животот на Иван Котев

На научна конференција за фолклористика која во септември 2022 година се одржа во селото-музеј Тршиќ, во Србија, родното место на првенецот на српската лингвистика Вук Караџиќ, свое учество земаат и тројца струмичани, Иван Котев, Ана Витанова-Рингачева и Сузана Мицева. До двете дами остварени во областите во кои работат и посветени на научното проучување на јазикот, присутните академици од Српската академија на науките и уметностите, професори од филозофски, филолошки факултети, го забележуваат 83-годишникот со стамен став на телото и видливо силен дух, сѐ уште посветен на осознавањето на народниот бит, кој е дојден да го претстави својот труд подготвен за овој симпозиум. Струмичкиот фолклорист го одзема вниманието на реномираните учесници кои ќе му пристапат да го запрашаат за неговата фолклористичка дејност која сѐ уште трае, а започнала пред повеќе од половина век, да се збогатат со негови размисли и да направат фотографии за спомен од запознавањето со скромниот учесник на научниот собир. Ќе замерат зошто досега не знаеле за овој човек и ќе се пожалат што немале можност да чујат негова реч во почесните воведни излагања.

Овој спомен беше еден од моментите кои вчеравечер беа споделени на промоцијата на најновата книга на македонистката и универзитетска професорка, проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, обемен труд посветен на фолклористичката дејност и животот на Иван Котев. Промоцијата која се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица, покрај убавите сеќавања доживеани од Котев и неговите пријатели, соработници, колеги, па и ученици од неговите денови како просветен работник во плодните струмички села, беше збогатена со дискусии и размисли кои пред публиката ја отворија суштината на фолклорот и на фолклористиката како наука која го проучува народното творештво.

Витанова-Рингачева се познава и соработува со Котев повеќе од 10 години. Таа сподели дека дознала за него на доделувањето на годишните награди на Општина Струмица по повод патрониот празник на градот, 11 декември – Денот на Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици. Оттогаш таа има напишано бројни трудови кои се поврзуваат со Котев и неговата дејност, нејзината докторска дисертација се заснова на материјалот собран од него, кој тој со гордост ѝ го дал на располагање. Професорката се наврати на тоа колку делото на Котев било препознаено пред десетина години.

„Дотогаш самиот Иван знаеше да каже: „Да, јас собирам, но кој знае каде ќе заврши овој мој труд, колку некој ова ќе го препознае, дали воопшто ќе го препознае“. Тие негови зборови мене ми беа мисла која постојано ми даваше немир во душата, мислејќи дека не е праведно нешто што се работи со толку многу љубов и посветеност да остане само запишано на хартија или во компјутер. Иван имаше цели кутии полни со белешки кои ги запишува додека патува или разговара со некој. За несреќа една струмичка поплава однесе дел од богатството. Разговарајќи сфативме која би била нашата мисија како негови наследници — да се потрудиме, толку колку што можеме, да зачуваме од заборавот“, спомена Витанова-Рингачева, по што дискусијата премина кон заклучокот дека оттогаш многу е направено и перцепцијата е позитивно променета. Иако со финансиски потешкотии, издадени се десетина книги на Котев во кои читателот може да го спознае македонскиот народен дух, на него беше посветен и научен симпозиум, а сѐ повеќе медиуми се заинтересирани да го претстават на својата публика Котев, човек од нашето време кој се вбројува во редицата македонски дејци, негувачи на народното творештво, како Димитар и Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кузман Шапкарев.

Монографијата насловена „Иван Котев меѓу фолклорот и животот“ на Витанова-Рингачева излезе од печат во декември минатата година. Промоторката на книгата, која е и нејзин главен уредник, м-р Сузана Мицева, рече дека ова е многуслојно дело кое на повеќе нивоа комуницира и со читателот и со истражувачот. Поделено е на три дела од кои првиот е биографски и автобиографски, со спомени на Котев, а во вториот и третиот дел се поместени научни трудови на Ана Витанова-Рингачева изнедрени од собирачкиот труд на Котев и на повеќе автори кои исцрпиле теми од народното творештво зачувано од овој македонски фолклорист. Во монографијата се поместени и излагања од научниот симпозиум кој во 2021 година беше организиран од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје по повод 70 години од основањето на овој институт и 50 години од фолклористичката дејност на Котев. Покрај библиографијата на делото на Котев, Витанова-Рингачева претставува и табеларен приказ на песните собрани од робовчанецот, а кои се депонирани во Институтот за фолклор и се достапни за научна обработка. Делото е заокружено и со список на објави за Иван Котев и негови интервјуа во печатот и на интернет медиумите.

„Како научен работник сметав дека можеби нема да бидам доволно доследна доколку направам само биографија со библиографија за Иван. Оти јас неговата биографија веќе еднаш ја сработив за потребите на симпозиумот. Ја сработив и библиографијата. Бев на чисто со себе дека сум се одолжила кон Иван. Но, сакав оваа книга да биде една сериозна референца во науката, не само во фолклористиката, етнологијата, лингвистиката. Во смисла, на едно место да бидат ставени сите оние трудови што јас сум ги пишувала, а биле асоцирани од неговото дело, а сум ги презентирала на најразлични конференции, тука и во странство. Од друга страна да го надополнам овој труд со трудовите на моите колеги кои пишувале за делата на Иван Котев како фолклорист. Сите што се занимаваат со истражување знаат колку понекогаш ни фалат книги во кои на едно место ќе биде собрано она што е интересно како научна тема за истражување. Доколку во иднина нашите наследници би сакале да истражуваат на оваа тема, оваа книга би им била еден комплетен извор од кој ќе можат да го црпат целокупниот материјал кој им треба“, рече авторката.

На конференцијата се обрати директорот на Институтот за фолклор во Скопје, Ермис Лафазаноски, кој од името на институтот го поздрави излегувањето на ова дело на Ана Витанова-Рингачева, кажувајќи дека Иван Котев е најголем собирач на македонскиот фолклор во втората половина на XX век и почетокот на XXI век. Лафазаноски, алудирајќи на насловот на монографијата, заклучи дека дејноста и животот на Котев се неразделиви затоа што нему фолклорот му е живот и животот му е фолклор.

„Јас стојам на мислење дека човек ако работи некоја работа, а не ја сака, подобро да не ја работи. Јас просто се вљубив во фолклорот и никојпат немав дилема дека ќе престанам да собирам. Сѐ што е собрано е на мој финансиски грб, тук-таму ќе се продаде по некоја книга. Со љубов работам, уште работам, некни запишав една убава, прекрасна песна. Не престанувам и дур сум жив ќе си собирам“, рече Иван Котев. Тој сѐ уште е активен и на издавачко поле и подготвува нови изданија, а посветено работи и на документарен филм, не откажувајќи се од својата животна мисија да направи сѐ што може за да го зачува и негува историско-културното наследство на својот народ.

По завршувањето на дискусијата, Котев ѝ искажа благодарност на Витанова-Рингачева за нејзината посветеност во негувањето на неговиот труд со поклонување на икона на Света Ана, а пак Витанова-Рингачева и Мицева му доделија на Котев плакета специјално изработена од Ѓорѓи Џингов и неговата фирма „Дијаг“, на која е претставено лицето на Котев, а под него неговата мисла: „Фолклорот е килим на кој основата е судбината на народот или поединците, а преплетот е времето“, цитат кој го пречекува читателот и на почетокот на оваа книга. На промоцијата присуствуваа и студенти од Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, чиј професор е Витанова-Рингачева. Таа рече дека е горда што студентите со љубов ги изучуваат македонскиот јазик и книжевност и освен што се добри студенти, имаат и свои интересни занимања, па по повод промоцијата на оваа книга една од нејзините студентки имаше изработено торта на која беше претставена корицата на најновата монографија на професорката.

Работа секогаш има, па така Витанова-Рингачева во разговорот најави дека претстои како идна обврска да се објави и книга во која ќе бидат собрани сите научни трудови на Иван Котев, затоа што освен што собира фолклорен материјал, тој е и посветен толкувач на фолклорот со сериозни научни трудови зад себе, а и на 85 години продолжува да пишува.

„Идеал или совршенство. Ако треба да биде ова некое заокружување на една моја фаза од животот во која јас како почетник-научник, можеби наивно, сум почнала да се занимавам со толкување на фолклорот, можам да кажам дека оваа книга е можеби на чекор до тој мој идеал за кој сонувам, а тоа е колку што можам, и јас по патот на Иван, да дадам, да оставам нешто зад себе во она што сметам дека најдобро знам да го правам, а тоа е со научни вистини да го толкувам фолклорот. Ако тоа е мојата цел мислам дека мојот живот ја има зацртано и се движам по тоа. Ова нека биде само почетна точка по која сум тргнала во остварување на тој идеал“, заклучи авторката, проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, поттикната од прашање од публиката.

Кирил Ѓоргиев

ФОТОГАЛЕРИЈА >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Филипче: Планираме рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонските земјоделци

Next Post

Филипче: Покачување на платите до 180.000 во терциерното здравство, до 140.000 во секундарното и до 120.000 на општите лекари

Related Posts

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Василево

АМСМ: Во прекин патниот правец Струмица – Радовиш

сабота, 1 ноември, 2025 | 17:28
39-годишен струмичанец украл пари од продажен објект, полицијата го пронајде дома и го привела во Полициска станица
Вести

22-годишно момче физички ја нападнал својата мајка и оштетил покуќнина

сабота, 1 ноември, 2025 | 16:48
„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица
Вести

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица

петок, 31 октомври, 2025 | 13:43

ТОП ВЕСТИ

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist