Членови на Карате клубот „Шихан“ од Струмица беа дел од 27-от Европски Фудокан карате шампионат, кој од 16 до 19 мај се одржа во Терме Олимиа, во местото Подчетртек во Словенија, во организација на Светската Фудокан федерација – WFF.
Македонското знаме на овој шампионат гордо се вееше дури дванаесет пати, како резултат на извонредниот успех на малите каратисти од КК „Шихан“, кои под водство на тренерот Атанас Василев, освоија исто толку медали. На градите на храбрите струмичките каратисти блеснаа 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали, во конкуренција на 1200 учесници на Европскиот шампионат. Со тоа КК „Шихан“ повторно докажа дека е еден од најдобрите карате клубови во државата и еден од најтрофејните македонски спортски колективи. Вреди да се спомене дека постигнатиот успех се совпаѓа со јубилејот – 30 години од формирањето на клубот, а учеството на оваа натпреварување беше со финансиска поддршка на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.
На 27-от Европски Фудокан карате шампионат, струмичанецот Златко Пасков од клубот „Шихан“ стана Европски шампион во кршење даски.