Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица ќе го возобнови некогашното културно-уметничко друштво „Боро Џони“ кое функционираше до пред 20 години во рамките на оваа институција.
Објавен е оглас за зачленување во КУД „Боро Џони“ на играорци од различни генерации, почетници, јуниори, сениори, ветерани. Огласот за пријавување е отворен до 30 октомври, а пријавувањето може да го направите во Центарот за култура во Струмица на пријавницата. За повеќе информации можете да ги контактирате преку броевите: 071/239-771 и 075/300-703.
КУД „Боро Џони“ Струмица беше место каде што се изучуваше, презентираше и негуваше македонскиот фолклор, народните обичаи и традиција и бил конкретен пример каков бил третманот на градот Струмица кон културата и уметничките форми на изразување.