Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и управителот на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, Зоран Иванов потпишаа договор за изведба на работи – Реконструкција на улица „Крушевска Република“ во општина Струмица.
Ова фирма, која го доби тендерот за јавната набавка, треба во рок од 12 месеци за сума од 18.977.203 денари или за околу 308.000 евра да ги рекоструира комплетно улиците од двете страни на новоизградениот покриен порој на улицата „Крушевска Република“ во градот Струмица.