Љупче Љачев е новиот директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица и доаѓа на местото на Зоран Ѓоргиев кој повеќе од 12 години ја вршеше оваа функција во комуналното претпријатие.
Љачев, кој денеска го доби решението од градоначалникот Костадин Костадинов, до именувањето за директор на „Комуналец“ беше раководител на Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Струмица и е поранешен вработен во ЈПКД „Комуналец“.
Градоначалникот Костадинов објави дека досегашниот директор, Зоран Ѓоргиев добива нова висока должност – главен координатор за сите јавни претпријатија во Струмица.