вторник, 28 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

Јубилејното 20-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица, од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција.

Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со прикажување врвни и квалитетни филмови од различни жанрови и должини.

Оваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски.

„Ме радува наградата на „Астерфест“. Фала ви, луѓе. Уметноста се прави за да се допре срцето на другиот. Се надевам дека она што го правам со години ве допира и создава нови чувства. Многу поздрав од снимањето на „Збогум, Копакабано“ – вели Манчевски.

Милчо Манчевски е еден од најеминентните македонски и светски филмаџии. Според критичарите, неговиот славен филм „Пред дождот“ е еден од најуспешните дебитантски играни филмови во историјата на кинематографијата. „Њујорк тајмс“ го вброи во својата листа „Најдобрите 1.000 филмови направени некогаш“. Манчевски го освои „Златниот лав“ во Венеција, наградата „Индепендент спирит“, номинација за Оскар, а се смета за најтрофеен македонски филмски режисер. Делата на Манчевски се дел од наставните програми на бројни универзитети, предмет се на многу есеи и книги и повод се за дискусии на голем број конференции. Покрај тоа што е автор на седум играни филма, имал три самостојни изложби на фотографии, објавувал проза, есеи, книги со фотографии и има поставувано уметнички перформанси. Манчевски ја вршел функцијата раководител на студиите за режија на програмата за дипломски филм на Школата за уметности „Тиш“ при Њујоршкиот универзитет. Исто така, предавал на филмската школа „Ферштајн“ на Бруклинскиот колеџ во Њујорк, на Серускиот државен универзитет по кинематографија „ВГИК“ итн. Неодамна струмичкото списание „Зенит“ објави посебен прилог за Манчевски.

Овогодишен добитник на почесното признание на „Астерфест“ за особени достигнувања на полето на филмската и ТВ-продукцијата е реномираната британска продуцентка Ребека О’Брајан, попозната како продуцентката на Кен Лоуч. По тој повод, минатиот петок, во „Сине-реал“ во Лондон, еден од ретките кинотечни клубови, се одржа мала церемонија во присуство на филмски автори, академици и официјални претставници на Филмскиот совет на „Астерфест“, при што на О’Брајан ѝ беше доделена почесната плакета од „Астерфест“. Таа ја прими наградата со голема возбуда од основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски, истакнувајќи дека е длабоко почестена што „Астерфест“, Струмица и Македонија го ценат нејзиниот придонес како филмска продуцентка.

Ребека О’Брајан ја започнала својата богата филмска кариера работејќи на Единбуршкиот филмски фестивал. По краткотрајното работење во театарските студија „Риверсајд“, се вклучила во продукцијата. Нејзиното деби како продуцентка на долгометражен филм било со „Смртта на пријателството“ на  Питер Волен. Нејзиниот прв филм со Кен Лоуч бил „Скриена агенда“, по што имаат снимено осумнаесет долгометражни филма и многу други документарни и кратки проекти. Во 2002 година заедно го основале продукциското студио „Шеснаесет филма“. Таа во моментот е член на управниот одбор на „Бритиш скрин“. Двапати била добитничка на „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан, а добитничка е и на наградата БАФТА за Најдобар британски филм.

Воедно, „Астерфест“ и матичната продукција на Ребека, „Шеснаесет филма“, покренаа иницијатива да се прикажат избрани филмови од Ребека О’Брајан и Кен Лоуч, преведени на македонски јазик.

Добитник, пак, на специјалната награда, плакета на „Астерфест“ за долгогодишни врвни актерски остварувања во македонскиот и балканскиот филм е еден од најмаркантните наши актери, Емил Рубен.

„Кога некој ќе те потсети дека си точно 70 години во филмот, ќе признаете дека се јавува мала нелагода. Од друга страна, баш е добро чувството кога ќе добиеш признание за тоа. А за ова се виновни луѓето од „Астерфест“, за што им се заблагодарувам и им посакувам успешен фестивал“ – изјави Рубен.

Рубен е на филмот и во театарот од најраното детство. Во 1971 година дипломира на Академијата за филм и театар во Загреб. За првпат на филм настапува како дете, во 1954 година, кога е одбран да ја одигра улогата на Жарко во филмот „Тие двајцата“ на Жорж Скригин. По две години добил две главни улоги, во долгометражниот „Малиот човек“ на Жика Чукулиќ и во краткометражниот „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли. Потоа следуваат низа улоги низ кои продолжува да ја гради својата актерска кариера. Пред камерата покажал дека носи изворен талент за филмска глума. До пензионирањето бил вработен како актер во МНТ во Скопје. Тој е еден од ретките македонски филмски актери кој уште од своите најмлади години имал можност да снима со актерите Миливоје Живановиќ, Мира Ступица, Бранко Плеша, Раде Марковиќ, а подоцна, во својата професионална кариера, и со Ристо Шишков, Мадлен Жобер, Илија Џувалековски и др. Во 2001 година ја добил наградата на Град Скопје „13 Ноември“. Значајни улоги остварил во филмовите „Истрел“, „Јазол“, „Збогум на 20-тиот век“, „Писмо“, „Балканкан“, „Големата вода“, „Трето полувреме“ и др. Играл и во „Ветрот запре пред зори“, „Партизански приказни“, „Денот четиринаесетти“, „Јавачи на бура“, „Инвалид по несреќата“, а остварил и низа улоги на радиото и телевизијата.

Во овогодишната официјална натпреварувачка селекција на „Астерфест“ ќе се прикажат: американските „Не стравувај од самиот страв“ на Даун Вестлејк и „Браќа по застава“ на Пеп Стојановиќ, францускиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадуни и Софијан Шуеб, холандско-белгискиот оскаровец „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам чијшто копродуцент е трикратниот оскаровец Ким Магнусон, кој лани беше во Струмица, црногорскиот „Лаеж“ на Бранислав Милатовиќ, британскиот „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска, кинескиот „Меуресто сеќавање“ на Мингвеј Ма и Џјиаји Кристина Фу, шкотско-полскиот добитник на БАФТА „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер, белгискиот „Петок, 1 јули“ на Сара Ледерман, хрватскиот „Самотија“ на Боби Грубиќ по сценарио на Миро Гавран, полскиот „Секој има убиено некого“ на Ангелика Цигал, француско-полскиот „Сок од портокал“ на Александар Атане, рускиот „Темната шума“ на Татјана Петрова, швајцарско-македонскиот „Турбо-нет“ на Надежда Панов, холандскиот „Ќелиски другари“ на Меле Виндиг и група коавтори, шпанскиот „Умирање“ на Хесус Мартинес „Нота“, како и македонските „Амра“ на Васил Христов, „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска и „Избор“ на Марко Црногорски.

Поголемиот број селектирани странски филмови се прикажуваат премиерно во Македонија, некои се светски, интернационални или балкански премиери, а некои филмови ги потпишуваат режисерски имиња кои веќе се претставиле на „Астерфест“ и кои тукашната публика ги препознава како референтни автори.

Специјална проекција, во чест на Емил Рубен и одбележување 25 години од снимањето, ќе биде дигитализираната копија од Кинотеката на Македонија на среднометражниот филм „Писмо“ на Васил Христов, во копродукција на „Дигит Проп“ и „De Productie“ од Белгија.

Како фестивал посветен на авторите, на „Астерфест“ во чест на наградените ќе се прикаже и актуелниот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов и на „Мајнд продукција“.

Прекрасните уникатни статуетки и традиционални награди за „Астерфест“ ги изработи ликовниот уметник Никола Пијанманов.

За Гран прито, за Златната, Сребрената и Бронзената потковица, како и за наградите за најдобар режисер „Ацо Алексов“ и најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“, ќе одлучува жирито во состав на филмските автори: Клара Дошлов, Сезер Салихи и Ице Виранов.

Клара Дошлов е американско-српска филмска режисерка и продуцентка. Дипломирала Театарски и филмски студии на Градскиот колеџ во Њујорк, CUNY. Работела низ САД, Европа и Блискиот Исток. За речиси една деценија во индустријата, учествувала во бројни високопрофилни филмски екипи соработувајќи со широк спектар на мрежи, агенции, брендови и продукциски компании.

Сезер Салихи израснал во Скопје, а на 21 година се преселил во Истанбул, каде што дипломирал и продолжил со магистерските студии од областа на филмот на Универзитетот „Мармара“. Потоа се вратил во Македонија за да режира неколку кратки играни филмови, а работел и како ТВ-монтажер. Својата уметност ја создава користејќи мултидисциплинарни пристапи, режирајќи бројни кратки филмови, видеоспотови и реклами. Минатата година беше награден на „Астерфест“ за неговиот филм „За живеењето“.

Ице Виранов израснал во Струмица. Дипломира филмска и ТВ-режија во класата на Румјана Петкова на Универзитетот „Неофит Рилски“ во Благоевград, со краткиот филм „Момчето кое спие до пладне“. Успешно работи како режисер и аниматор во видеоспотови, реклами и филмски и ТВ-проекти. Неговите исклучителни филмски проекти „Зевање“, „(Не)нормален“ и „Лука“ за првпат беа прикажани и валоризирани токму на „Астерфест“ во изминатата деценија.

„Астерфест“ преку Тивериополските филмски настани беше интензиво присутен во текот на изминатата сезона со проекции, авторски вечери, работилници, промоции и чествувања во Струмица, но и во Белград, каде што неодамна се одржа панел-дискусија за значењето на „Астерфест“ во регионот. Тој период „Астерфест“ ги продлабочи соработката и размената на искуства со повеќе филмски и универзитетски центри, како оние во Сорбона – Париз, Нови Сад и Прага.

Вечерните проекции ќе се одвиваат во Амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица, а доколку заврне, алтернативен простор е НУЦК „Антон Панов“.

Како и на претходното издание, и овој пат се очекуваат значителен број домашни и странски автори кои ќе ги претстават своите филмови и ќе уживаат во струмичкото поднебје со културно-туристички знаменитости.

Во „Јуроп хаус“ ќе се одржи и промоција на новото коло од едицијата филмолошка и уметничка литература („Ефектот на пеперутката“, „Малиот Ејолф“, „Насловите како хиероглифски записи“), а ќе се случи и традиционалната филмска посета на Манастирот Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса.

„Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

Next Post

Приведени тројца млади струмичани, кај еден од нив пронајдена марихуана

Related Posts

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 10:27
Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето
Вести

Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето

недела, 26 октомври, 2025 | 17:18
Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Вести

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

четврток, 23 октомври, 2025 | 20:44
Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор
Вести

Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор

четврток, 23 октомври, 2025 | 13:57

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist