Алтернативниот рок добива нов свеж глас – струмичанецот Јовче Пандев го претставува својот прв студиски албум „Деца корнат градина“, составен од осум авторски песни со препознатлив и современ рок израз. Албумот ќе биде промовиран со концерт на 2 декември (понеделник) во „Русти Скопје“, од 21:00 часот.

Проектот е создаден во соработка со повеќе истакнати музичари и продуценти, со силен фокус на автентичен и зрел алтернативен звук.
Промоцијата во „Русти“ е одлична можност публиката од Скопје првпат да го слушне материјалот во живо и да го почувствува енергичниот рок потпис на новиот македонски автор кој брзо го наоѓа своето место на сцената.





























