Јован Коцев е назначен за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица. Тој ќе ја преземе функцијата од досегашниот директор Ѓоко Камчев, кој неодамна стапи на должност како градоначалник на општина Валандово.
Коцев, кој е валандовчанец, и во периодот јули–октомври 2022 година ја извршуваше функцијата вд. директор, во Центарот е вработен како раководител за меѓуопштинска соработка, регионален развој и имплементација на проекти.
Неговото назначување од страна на десетте градоначалници од Југоисточниот регион се оценува како континуитет во работата на Центарот, со оглед на долгогодишното професионално искуство и познавање на регионалните развојни процеси.




























