понеделник, 30 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Ја имаат власта за да го решат проблемот, ама излегоа со народот и протестираат за чист воздух!

недела, 2 февруари, 2025 | 10:07
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Ја имаат власта за да го решат проблемот, ама излегоа со народот и протестираат за чист воздух!

SRnet

Народот сака чист воздух и одговорност од политичарите, но и тие „протестираат“…

И по долги години дишење на загаден воздух и само „бла, бла“ низ социјалните мрежи, голем број струмичани конечно излегоа на протест низ струмичките улици. На политичарите и функционерите што ги водат институциите им кажаа дека не сакаат повеќе да дишат енормно загаден воздух во Струмица, особено во зимските месеци.

Ако политичките партии до пред некоја години на предизборните кампањи велеа „се случи народ“, демек едните ќе ги сменат другите со присуството на многу народ на митигот, и во последните изборни циклуси си ги преместуваат митинзите на потесни места, наместо на плоштад, сега ним им „се случи народ“, но овој пат неполитизирани и со единствена цел, да се сотрат загадувачите на воздухот во Струмица.

Дојдоа и тие на митингот, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Чудна работа, но и трагикомична. Обично на протест се искажува незадоволство кон власта за непревземање мерки за одреден проблем, односно не решавање на проблемот, но тоа е Македонија.

Против кого протестираа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кога тие се власт, едните локална, другите државна и тие може да донесат решение за долгогодишниот проблем во Струмица. Добро е што организаторите не им дадоа да се обратат, ама нели им тече партиска крв низ вени, не бива да не кажат нешто, па на социјалните мрежи се нападнаа. СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е државна власт и таа е винова за загадувањето во Струмица „оваа зима“, а пак ВМРО-ДПМНЕ оти СДСМ е 20 години на власт во Струмица и таа е виновна за долгогодишното енормно загадување на воздухот.

Еко активистот Ѓорги Танушев во своето обраќање на митингот кога посочи две компании како едни од можните загадувачи на воздухот во Струмица, „Еленица“ и „Неметали Огражден“ и народот извикуваше „уааа“, партиските активисти и политичари реагираа согласно боите и блискоста на компаниите и даваа поддршка на кажаното од говорниците. „Сдсмовци“ аплудираа (читај незадоволство) на кажаното од Танушев кога се спомна „Огражден“, а „вмровци“ кога се спомна името „Еленица“.  За џабе не е кажано од народот уште пред многу години „политиката е ку_ _ a“, ама нашите политичари сега станаа „чингии“…

Но, да се вратиме на темата за протестот, односно протестниот марш „Забрането дишење“ што го организираа еко активисти предводени од Еколошкото друштво „Здрава котлина“. Факт е дека секојдневно во Струмица воздухот е неподнослив, смрди, енормно е загаден кој достигнуваше и над 500 микрограми на ПМ10 честички на метар кубен. Секојдневно струмичани на социјалните мрежи само си објавуваа постови за загадениот воздух со сликички колку е загаден и залудно со години си коментираа, дебатираа. Конкретни инспекциски казни јавно не видовме, ниту слушнавме. Загадувачи немаме, а имаме загаден воздух, според институциите. Затоа народот „се дигна“ или како што си викаа на времето политичките партии „се случи народ“ и повеќе нема отстапувања од непревземањето мерки кон сите оние кои го загадуваат воздухот.

Еко активистите во името на граѓаните на протестот истакнаа конкретни барања до институциите со итни и краткорочни мерки, меѓу кои се и привремена забрана за работа на индустриските погони со висок степен на загадување, додека не се инсталираат филтри и не се потврди усогласеност со еколошките прописи, контрола на согорување на опасни и несоодветни материјали во пластениците и индустриските објекти со 24-часовни патроли, користење на рачни мерачи и дронови, итно затворање на дивите депонии кои испуштаат токсични гасови, нивна санација и физичко обезбедување на локациите со камери и бариери, зачестена контрола на нелегална сечна на огревно дрво, забрана за дотур и пуштање во промет на огревно дрво што не е отстоено во склад 8 месеци од денот на сечата.

Кажаа и загрижувачки здравствени податоци за тоа што се случува со струмичани од загадениот воздух, истакнувајќи и уште многу други барања. Но, каков ќе биде граѓанскиот отпор во наредниот период, ќе зависи од сите нас, дали сакаме чист воздух во Струмица, дали властите и нивните институции професионално ќе настапуваат или ќе ги спречи моќта на парите на сметка на здравјето на граѓаните.

Роберт Ѓоргиев

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Стојан Велков Трн: Слушам, гледам и се чудам

Next Post

Македонија денеска одбележува 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Related Posts

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist