Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков од Струмичката Православна Епархија денеска ја посети „Дијаконија Македонија“ и имаше средба со претставниците на Мис Стон Центарот во Струмица.
Темите на разговор биле поврзани со мисијата на социјалното поле, информираат од „Дијаконија Македонија“.
„Разговаравме на повеќе теми поврзани со мисијата на социјалното поле и разменивме различни искуства во работата со хуманоста. Чест ни е што ја остваривме ова средба“, велат од Дијаконија Македонија – Центар Мис Стон Струмица кои се организација на Евангелско-Методистичката црква.