петок, 5 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Ѕвездата на Гранд се врати во ѕвездениот град под Царевите Кули, ја пречекаа голем број струмичани

среда, 5 јули, 2023 | 10:23
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Скромно девојче кое наоколу скришум шара со убавите очи, тивка кога зборува, но со моќен глас кога пее – Славица Ангелова новата ѕвезда на „Гранд“ по победата се врати во родниот град. Не залудно Струмица ја нарекуваат Ѕвезден Град, град кој во разни времиња и периоди раѓа големи ѕвезди во музиката, спортот, културата… Уште една ѕвезда под Царевите Кули во наредните години ќе ги прави струмичани горди.

Дојде синоќа да ги поздрави струмичани, да им се заблагодари за поддршката, да им запее. Дојде со својот ментор, Ѓорѓе Давид, а ги донесе градоначалникот Костадин Костадинов. Тој и општината ѝ организираа пречек во Големиот градски парк, на сцената подготвена за неа, и за уште многу млади музичари од Школата за гитара на професорот Васко Пиличев кои и свиреа и ја пратеа во нејзиното пеење.

„Имате европски пејач во своите раце, Славица и те како ќе го претставува својот град. Јас од своите финалисти не се откажувам, ги имав тројца, Славица е победник и мислам дека ѝ претстои сјајна и брутално убава кариера. Таа е едно најскромно, највоспитано, најталентирано створение кое многу сериозно сфаќа сѐ на што ќе се дофати“, кажа Ѓорѓе Давид, најавувајќи дека многу брзо Славица ќе ја претстави Македонија, не само на Балканот, туку и во Европа, не откривајќи за што станува збор.

Просторот пред влезот на Големиот градски парк беше полн со различни генерации на струмичани, уживаа во пеењето на Славица, потпевнуваа со неа на познати ЈУ хитови кои таа многу моќно во еден здив ги отпеа. Овде беа и нејзините родители, мама и тато скришум и со сјај во очите ја гледаа својата гордост, која на 21 година стана ѕвезда на Балканот.

Кратко траеше концертот, но многу долго Славица не можеше да си замине од пред сцената. Најмладите обожователи, децата, но и по некој повозрасен сакаа да си направат „селфи“ со неа. Таа стрпливо се фотографираше со секој. Организаторите некако успееја да ја повлечат и да си замине, ако останеше ќе имаше „селфиња“ до сабајле.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин магистралниот пат А4 од Струмица кон Граничен премин „Ново Село“ поради сообраќајка

Next Post

СВР Струмица за вчерашната сообраќајка помеѓу Босилово и Турново поради што магистралниот пат беше во прекин

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist