Весело беше синоќа и во Заводот за рехабилитација Бања Банско и во социјалната зграда во Струмица каде живеат лица со попреченост. Тие го славеа дочекот на Новата 2023 година, а во забавата им се придружи и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов со неколку советници од Советот на општината, кои дел од ова новогодишна ноќ ја поминаа распеано и во пријатна атмосфера.
„Не си ги заборавив и моите другари, штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, ниту Тошка, Сузе, Роза, Митра и искрено преубаво си поминав и јас и советниците. Со Тошка си пеевме песни од нашиот Тоше, во Банско ме изненадија со „Слушам кај шумат шумите“. Среќна нова другари мои, бидете ми здрави, живи, среќни и весели во Новата 2023 година“ – напиша Костадинов на Фејсбук.