Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во соработка со општина Струмица започнаа со садење на дрворед покрај каналот во Градско Балдовци. Дрворедот е во должина од 600 метри и се засадени шеесетина јаворови дрвја.
Од комуналното претпријатие и апелот да се однесуваме одговорно и да не ги уништуваме новите садници кои за неколку години секако значително ќе го подобрат изгледот и ќе овозможат почист воздух во овој дел од населеното место.