Шампионот „Струмица Никоб“ запиша нова победа во завршната фаза од домашниот одбојкарски шампионат. По извонредно возбудливото дерби кое го имаше со „Шкендија“ во минатото коло, овој викенд имаше прилично лесна задача. На гостувањето кај „Борец“ во Велес струмичани славеа победа од 0:3 во сетови (13:25, 24:26, 20:25).
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (3. коло)
Лирија – Весна Пробиштип 3:0 (25:10, 25:19, 25:20)
Шкендија- Работнички 71&22 3:0 (25:23, 25:7, 25:15)
ГОК Борец – Струмица Никоб 0:3 (13:25, 24:26, 20:25)
Табела: Струмица Никоб 12-1, Шкендија 12-1, ГОК Борец 10-3, Работнички 71&22 7-6, Лирија 7-6, Весна Пробиштип 6-7.