Четириесеттина карневалски групи ќе продефилираат на годинашното издание на „Струмичкиот карневал“, кое ќе се одржи на 25 февруари.
Освен традиционалните групи од Струмица и од уште неколку градови од Македонија на главната интернационална вечер ќе се претстават и 14 карневалски групи од странство. Најмногу ги има од Србија, од градовите Лесковац, Врњачка Бања, Шабац, Раковица и Бела Црква. Од Црна Гора доаѓаат три карневалски групи, од Тиват, Херцег Нови и Будва, а од Хрватска пред струмичани ќе се претстават две карневалски групи од Ријека. По една карневалска група ќе има од Грција, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Организациониот одбор направи ждрепка на редоследот на претставување на карневалските групи и поединци на 25 февруари од 18:30 часот.