недела, 7 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Четиригодишното девојче од Струмица е под интензивна терапија на Клиниката за детски болести, бидејќи е донесено во исклучително тешка состојба

петок, 19 јануари, 2024 | 18:09
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Четиригодишното девојче од Струмица е под интензивна терапија на Клиниката за детски болести, бидејќи е донесено во исклучително тешка состојба

Четиригодишното девојче од Струмица, кое во средата во тешка здравствена состојба, премрзнато со гангренозни рани на дланките и стапалата и со бројни рани и скршеници по телото беше донесено во Клиниката за детски болести во Скопје е под интензивна терапија, информираше за ТВ Канал 5, директорката на клиниката Валентина Цвејоска Чолаковска.

Мајката тврдела дека скршениците настанале по напад од куче кој се случил две седмици пред приемот во болницата. Девојчето во Клиниката е донесено на 17-ти јануари, но иако во моментот е во стабилна состојба, д-р. Чолакова вели дека за него се грижат повеќе специјалисти од клиниката и дека сѐ уште е потребно интензивно лекување и следење на состојбата.

„Девојчето беше во исклучително тешка состојба, неухрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и стапалата од премрзнатини, се забележуваа и бројни рани по телото. Има фрактури коишто се видоа на компјутерот направени на девојчето и коишто се стари најмалку две седмици, а за кои мајката потврдува дека се направени во тек на напад од куче. Под интензивна терапија е, бидејќи е донесено во исклучително тешка состојба, со значајна потхранетост и бара големо вложување во секој поглед“, изјави доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска.

  • Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – било физички нападнато

Поради состојбата на девојчето, веднаш по приемот во клиниката биле известени надлежните од МВР, социјалните служби и Јавниот обвинител од Струмица, кој повикал судски вештак. Од СВР Струмица информираат дека детето на 17 јануари околу 1 часот по полноќ било донесено во Општата болница во Струмица, а потоа поради лошата здравствена состојба било префрлено во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.

„За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Истрагата е во тек се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот ќе биде координирано ќе работат и СВР Скопје и СВР Струмица“, изјави портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

ИЗВОР: ТВ Канал 5

ShareTweetShare
Previous Post

Љупчо Шопов повторно го извади крстот од водите во базенот во Струмица

Next Post

Македонците во Холандија за прв пат го организираа православниот обичај фаќањето на крстот – најсреќен беше Роберт Димитроски

Related Posts

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ си ја добија заостанатата плата
Вести

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ си ја добија заостанатата плата

сабота, 6 септември, 2025 | 16:47
Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist