Регионалниот Центар за управување со кризи – Струмица, информира дека шумскиот пожар на планината Огражден кај селото Бадилен е повторно активен. Пожарот се простира на непристапен терен и во текот на вчерашниот ден немало екипи за гаснење. За денеска (23 јули) ќе се планира екипа од ТППЕ Струмица да излезе на терен и да интервенира на пристапните места.