Од Центарот за управување со кризи – Струмица утрово информираат дека пожарот на планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари со 2 противпожарни возила, и 2 од ПШС „Беласица“ Струмица.
Во 22:30 часот пожарот се активира повторно. На лице место извршено увид од страна на директорот на ЈП ПШС „Беласица“ и од МВР ПС Струмица и се бара возило од ТППЕ Струмица да дежура вечерва поради опасност кон викендица и манастирче. Известени ТППЕ Струмица од страна на помошник дежурен во ЦУК Струмица.
ТППЕ Струмица во разговор со директорот на ЈП ПШС „Беласица“ биле известени дека пожарот е на околу 200 метри од објект, и според проценка на ТППЕ Струмица засега нема опасност кон објекти или према село. На лице место на пожарот се началник на Одделение за Полиција и директорот на ЈП ПШС „Беласица“, како и 4 полицајци кои ќе патролираат.
ФОТО: Кире Пиличев