Според последните информации на Центарот за управување со кризи заклучно 8:00 часот, четири пожари се сѐ уште активни во државата. Моментално, најсериозна е состојбата во општината Василево, каде во близина на селото Нивичино, гори нискостеблеста шума со смрека, густи грмушки и сува ниска вегетација. Пожарот брзо се шири поради ветерот и сувото време.