Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите во Секторот за операции и координација, известува дека поради врнежите од дожд и од снег, што ја зафатија територијата на државата, се јавуваат дефекти на електродистрибутивната мрежа на повеќе локации во државата.
Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична енергија во реоните, што во моментот се без електрична енергија, меѓу кои и во струмичкиот регион, односно без електрична енергија се: „Карбино 3“ – Добрејци, Василево, Градошорци и околината.