среда, 30 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ од Македонија

Црвен крст: Хуманитарната помош да биде во финансиски средства, не во материјални добра, бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур

среда, 8 февруари, 2023 | 13:06
in ВЕСТИ од Македонија
Црвен крст: Хуманитарната помош да биде во финансиски средства, не во материјални добра, бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур

По катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Република Турција и Сириската Арапска Република на 6 февруари 2023 година, Црвениот крст на Македонија веднаш ги контактираше Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина со цел да се детектираат можности за обезбедување на поддршка за овие две партнерски организации на македонскиот Црвен крст со кои соработуваат долги години.

Од Црвениот крст информираат дека во координација со одговорните чинители во Република Северна Македонија веднаш презеле иницијални чекори за обезбедување на хуманитарна поддршка за настраданото население од земјотресот преку објавување на апел за мобилизирање на финансиска поддршка за погоденото население.

„На наше големо задоволство може со сигурност да кажеме дека граѓаните на Република Северна Македонија и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со 07.02.2023 година преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари. Исто така Црвениот крст на РСМ од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња“, велат од Црвениот крст.

Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Турција и Сирија. Во соработка со партнерите во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина и одговорните институции во државата, Црвениот крст ќе продолжи да ги координира и мобилизира хуманитарните напори на граѓаните, компаниите и други институции со цел да се обезбеди солидарна поддршка за погоденото население од земјотресот во Турција и Сирија.

„Во координација со Амбасада на Република Турција во РСМ договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во финансиски средства. Ги поддржуваме напорите и активностите кои се однесуваат на донирање на материјална помош од фирми и компании. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање финансиски средства, не во материјални добра, бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош. Со цел да бидеме поефикасни и подиректни и побрзи во помошта преферираме сите активности заедно да ги координираме и да ги насочиме во правец на мотивирање на граѓаните и населението да донираат парични средства. Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на своите граѓаните“ – стои во соопштението на Црвениот крст.

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин водоснабдувањето од Филтер станицата „Иловица“ – општина Босилово

Next Post

Охридската полиција со кривична пријава за жител на Секирник, за коментар со недолична и заканувачка содржина на Фејсбук

Related Posts

На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
Вести

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

понеделник, 30 јуни, 2025 | 10:18
Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+
ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

вторник, 29 април, 2025 | 13:11
Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата
Вести

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

понеделник, 21 април, 2025 | 13:56
Почина папата Франциск
Вести

Почина папата Франциск

понеделник, 21 април, 2025 | 12:07

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица
Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist