Сивите ѕидови на подземната сообраќајница во центарот на Струмица добија зелен лик. Викендов на овие ѕидови беше нацртан мурал со мотиви од природата. Артистите кои го изработија муралот Трендо, Дејс, Брко и Ѓоко се дел од здружението на ликовни уметници „Форма“ од Куманово. Својот уметнички талент тие го вложуваат во разубавување на сивите површини во градовите во Македонија, а во Струмица се на покана од општината.
„Пораката е екологија, како повеќе да ги средиме сивите површини во секој град во Македонија. Користам ваков мотив за да пренесам порака што повеќе да создаваме и да сочуваме зелени површини“, вели артистот Младен Трендевски – Трендо за СтрумицаНет.
Фотографии: @mtrendo на Instagram