Пратеникот од Струмица, Миле Цеков кој беше носител во ИЕ4 на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе предложи до Министерството за земјоделство загарантирани минимални отупни цени за земјоделците.
„Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија дава искрена поддршка за изнаоѓање конкретни решенија за проблемите на земјоделците. Македонија мора повторно да биде препознатлива во производството на храна. Веќе повеќе од 20 години државата донесува национални програми и стратегии за развој на земјоделството, но спротивно на декларираните заложби државата стана голем увозник на храна. Земјоделието стана една од најнеатрактивните професии во Македонија, бидејќи откупните цени се ниски и не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Поради тоа, земјоделците немаат средства да инвестираат во развој и модернизација на производството. Решение за таквата состојба е регулирање на загарантирана минимална откупна цена за клучни земјоделски култури и обезбедување пласман на производството. Исто така, недозволиво е во екот на нашето домашно производство да постои неконтролиран увоз на земјоделски производи. Неопходно е повеќе да се цени трудот на домашните земјоделци. Затоа јас ќе продолжам да ја актуелизирам можноста да се воведат мерки за популаризација на купување домашни производи. Дополнително, ќе иницирам јавна дебата за мерката загарантирана минимална откупна цена за земјоделски производи. Ќе настојувам со колегите пратеници во Собранието овие предлог идеи да станат законски решенија“ – најави пратеникот Цеков.