Во четврток, 13 ноември со почеток во 11:30 часот, во Спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар под мотото „Срце за Нина“, во организација на СОУ „Јане Сандански“од Струмица.
На овој настан ќе се натпреваруваат професорите против учениците, а сите присутни ќе имаат можност да бидат дел од оваа хумана иницијатива и да ја поддржат својата страна со навивање и позитивна енергија.
Влезницата за натпреварот е со симболична цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на Нина Димитриевска.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани, ученици, родители и љубители на спортот да присуствуваат и со своето присуство да дадат придонес во оваа благородна акција.





























