Околу 260 деца од екипите на Фудбалските школи „Хоризонт“, „Кожуф“, „Тиквеш“, Дојран и Радовиш овие два дена учествуваат на фудбалски турнир во селото Турново, општина Босилово.
„Игра и дружење, ова е тоа што им недостасува на децата. Ова е начинот како да го развиваме фудбалот во општина Босилово. Како општина секогаш поддржуваме вакви настани“ – напиша градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.