Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов ја именува Фроска Хаџи-Тосева за ВД директор на ЈОУ Детска градинка „Детска радост“ во Струмица. Таа ќе ја замени досегашната директорка Каролина Дончева.
Фроска Хаџи-Тосева е вработена во установата од 2005 година како воспитувач, а по професија е дипломиран професор по предучилишно воспитување.