Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека денеска на првиот ден од пролетта започнаа со акција за машинско чистење на диви депонии.
„Се работи на чистење на една од поголемите диви депонии на улица „Антон Панов“ во Струмица каде што еколошката свест на граѓаните кои живеат околу таа улица е на многу ниско ниво. Да се надеваме дека после нашата интервенција и темелното чистење ќе проработи свеста на несовесните граѓани и овој дел од градот пополека ќе прерасне во убаво, чисто место за живеење“, напишаа од „Комуналец“.