недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Фондација „Елеуса“ организираше трибина – За зависниците има надеж, има голем број на светли приказни кои излегле од мракот

петок, 16 декември, 2022 | 11:48
in Вести, Струмица

Синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа трибина на тема „Зависност – криза на современиот човек“ во организација на Фондацијата „Елеуса“.

Говорници на трибината беа д-р Васка Митова – специјалист психијатар, советник логотерапевт и психотерапевт под супервизија, отец Симеон Кантурски- свештеник и дипломиран психолог, Билјана Мицева – социолог и социјален работник и Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков.

На трибината сеопфатно беа изнесени факти и ставови со јасна порака, дека за зависниците има надеж и дека има голем број на светли приказни на луѓе кои излегле од мракот на зависноста.

Доктор Васка Митова вели дека клучно е да се разбере што подразбира зависноста и колку лица има таа. Честопати луѓето не се ни свесни дека стекнуваат зависност сѐ додека таа не почне да го менува нивниот живот и животот на нивните блиски.

Борбата со зависности е тешка и мачна, но, не е безнадежна. Ова е оценката на психотерапевтката Билјана Мицева, која повеќе од една деценија работи во Тераписката заедница „Покров“. Таа апелира за поддршка на лицата кои се борат со зависност за да се охрабрат да побараат помош.

Психологот и теолог отец Симеон Кантурски, вели дека зависноста е тешка состојба и дека личноста која се бори со зависност е во голем очај.

На трибината говореше и Викарниот епископ Стобиски г.Јаков, кој порача дека секој член на заедницата треба да развие свесност, но и прифаќање на лицата кои се борат со зависници. Како пример на трибината се посочи токму Тераписката заедница „Покров“, која е основана со поддршка на Струмичката Епархија.

Статистиките говорат дека бројот на зависници е во постојан пораст. Последните истражувања на европскиот мониторинг систем говорат дека во Македонија расте и бројот на адолесценти кои користат најразлични опијати. Од истражување на примерок од 2400 млади дури 20% користеле некаква дрога.

Инаку ова е трета трибина на Фондацијата „Елеуса“ од серијата „Современите искушенија како предизвици за духовно будење на личноста“.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Куклиш „Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал“, ќе се натпреваруваат 24 екипи

Next Post

Почна новогодишното украсување на Струмица и годинава скромно колку да се почуствува духот на празниците

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за три општини во струмичкиот регион, за Струмица сé уште не одлучиле

среда, 28 мај, 2025 | 22:49
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

МВР информира за групна тепачка во селото Банско

среда, 28 мај, 2025 | 16:09

ТОП ВЕСТИ

Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“
И покрај дождот се одржа хуманитарната иницијатива „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ – 150 граѓани трчаа низ струмичките улици
По повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 15 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist