На иницијатива и на барање на членовите на советничката група на СДСМ во Советот на општина Босилово, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите” обезбеди 600.000 денари за реконструкција и адаптација на училниците во училиштето во Еднокуќево, со што значително би се подобриле условите за учениците да имаат поквалитетен воспитно-образовен процес.
Како што не информираше Трајче Милков, координатор на ова советничка група, по одобрувањето на финансиските средства од фондацијата тие поднеле барање до градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев за да одобри реконструкција и адаптација на училниците во училиштето во Еднокуќево со најавената донација од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите”, а на прес конференција уште еднаш побараа од градоначалникот Манчев за одобрување реконструкција и адаптација на училниците кои се во многу лоша состојба, прикажувајќи ги преку фотографии.
Искрено се надеваме дека нашата иницијатива и финансиската подготвеност од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите” ќе бидат прифатени од страна на градоначалникот Ристо Манчев и директорот на училиштето „Гоце Делчев” Босилово – кажа на прес конференцијата Трајче Милков.