По првата проекција во малата сала на Центарот за култура во Струмица, на 9 мај, синоќа повторно, овој пат во големата сала беше прикажан филмот „Што е жена?“ на Мет Волш, што ја организираше Фондацијата „Елеуса“ од Струмица во соработка со Коалицијата за заштита на децата.
Од Фондацијата „Елеуса“ информираат дека во преполнетата сала филмот го гледале и Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, градоначалниците на Струмица, Ново Село, Василево и Босилово, Костадин Костадинов, Ѓорге Божинов, Славе Андонов и Ристо Манчев, советници, пратеници, претставници од Католичката црква, претставници од Евангелската црква, претставници на Евангелско- методистичката црква.
„Граѓаните на струмичкиот регион покажаа дека живееме во слободно и демократско општество. Сами носат заклучоци и градат сопствени ставови. Содржината на филмот на Волш, нѐ охрабрува дека ова нема да помине, заради доброто на нашите деца“, велат од Фондацијата „Елеуса“.