понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Фондацијата „Елеуса“ ги претстави своите хуманитарни активности во оваа 2023 година

недела, 26 ноември, 2023 | 08:27
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Фондацијата „Елеуса“ ги претстави своите хуманитарни активности во оваа 2023 година

Синоќа Фондацијата „Елеуса“ од Струмица во хотелот „Сириус“ го одржа третиот промотивен и воедно хуманитарен настан на кој беше претставена досегашната работа на Фондацијата „Елеуса“, со цел да се поттикнат уште повеќе деловни субјекти, луѓе од бизнис секторот, општините и сите граѓани да се вклучат во нивната работа и да станат дел од оваа хумано семејство.

Преку видео содржини беа презентирани активностите на оваа хуманитарно здружение кое постои скоро две години. Повеќе од една година секојдневно ја реализираат акцијата „Топол оброк за сите“ и во овој период се поделени скоро 23.000 оброци за најсиромашните наши сограѓани, благодарение на многубројни компании кои секојдневно се вклучуваат во оваа акција. Освен со обезбедување оброци Фондацијата „Елеуса“ подготви и им достави на 750 семејства хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена, а се вклучува и во донаторски акции за помош на болни лица, но и за донирање на одредени апарати во јавни здравствени установи. Неодамна тие обезбедија два монитори за интензивна нега на најмалите пациенти, односно за Детското одделение при ЈЗУ „Општа болница“ Струмица. Истовремено организираа и неколку едукативно-културни настани.

„Кога зборуваме за „Елеуса“ и за дејноста која таа ја врши, не зборуваме за хуманост, туку зборуваме за човечност, зборуваме за стремеж кон вечноста, зборуваме за остварување на љубовта и на смислата на нашето постоење, зборуваме за богопознание, зборуваме за човекољубие и за богољубие. Оти нема друг начин да се научиме да бидеме милостиви, да бидеме човекољубиви надвор од него. Како што велиме многупати на нашите служби во Црквата „зашто си милостив и човекољубив Бог и тебе слава ти вознесуваме на Отецот и синот и светиот дух, Амин“! Бог да Ве благослови сите“ – кажа во своето обраќање пред голем број поддржувачи на Фондацијата „Елеуса“, Викарниот епископ стобиски г. Јаков.

Настанот беше збогатен со мал концерт на Вокално инструменталниот состав „Стихири“, а свој настап по официјалниот дел имаше и познатиот струмички гитарист Горан Алиќ.

Од Фондацијата упатија голема благодарност до сите присутни, благодарност за донациите собрани оваа вечер кои ќе послужат за подготовка на хуманитарните пакети по повод претстојните Божиќни и Новогодишни празници.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

ЦУК: Без електрична енергија се: „Карбино 3“ – Добрејци, Василево, Градошорци и околината

Next Post

Ковачевски, Тренчевска и Аврамовска Мадиќ денеска во посета на Струмица

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist