Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ од Струмица на 21 декември (недела), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе го одржи својот Новогодишен концерт под наслов „Низ звуците на нашите ора“.
На концертот ќе настапат членови на здружението – играорци од различни возрасни групи, кои пред публиката ќе изведат познати македонски ора и кореографии, подготвени од самите членови на „Фолклорна низа“, со цел зачувување и негување на богатото македонско фолклорно наследство.
Како гости на вечерта ќе настапи и женската фолклорна група „Радовишанки етно“ од Радовиш, која со својот препознатлив етно израз ќе го збогати концертниот репертоар.
Влезот за концертот е слободен, а организаторите упатуваат покана до љубителите на фолклорот и традиционалната музика да бидат дел од оваа празнична фолклорна вечер.





























