Порталот „Фокус“ објави дека е пронајдено телото на 78-годишниот Стојан Колев од Радово, кој исчезна на 4 февруари. Веста за „Фокус” ја потврдил неговиот син Ѓорги, и додава дека сé уште се врши увид на местото каде бил пронајден неговиот татко, па затоа нема дополнителни информации.
Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова за „СтрумицаНет“ потврди дека во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива помеѓу селата Иловица и Радово (место викано „Блато – стари чаири“), било пронајдено тело на починато машко лице. Увид на местото врши екипа на СВР Струмица и по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција во Судска медицина во Скопје за утврдување на идентитетот и причината за настанувањето на смртта.